ВОЈСКАТА ПАК В КАСАРНА ЗА 11 ОКТОМВРИ

Во касарната, во која не згазнале војници речиси десет години, ќе се чуе војнички марш за празникот на востанието – 11 Октомври. Градоначалникот Марјан Ристески и бригадниот генерал на АРМ Стојан Димчов констатираа дека интензивно течат подготовките за повторно функционирање на касарната “Мирче Ацев”.

 

– Соработуваме со локалната самоуправа да се оспособат објектите и целиот комплекс во кој треба да се врати војската – изјави Димчов.

Според Ристески, треба да се вратат околу 500 професионални војници на АРМ.

– Јавните претпријатија го обновуваат водоводот и ги чистат површините, а АРМ ги оспособува објектите – рече Ристески.

На дел од слободниот простор од касарната ќе се градат четири згради со по 12 ката со 238 станови и деловен простор. Становите ќе може да ги купуваат подеднакво и старешините и граѓаните.

Loading