Параглајдерство
Каде да се појават нема за нив промашување. Тоа се параглајдеристите на ПК Делта. Селекторот – натпреварувач, ветеранот Миле Јованоски и најмладиот, 17 годишен Борјан Јованоски, беа во Перник, Бугарија, на меѓународен натпревар. Во дисциплината прецизно слетување конкуренцијата беше страшна со европскиот шампион, Бугаринот Димитар Ралев и светскиот првак, Словенецот Антон Сволшак. Миле Јованоски ги совлада и двајцата, ги остави под себе, пласирајќи се на четврто место, а не беше далеку, Борјан Јованоски, на седмо. Освоени се бодови за ФАИ листата.
Од натпреварот отсуствуваше третиот член на клубот – семејство, Мартин Јованоски.