СПРЕМНО ЗА НОВИТЕ УЧЕНИЦИ

СОУ “Мирче Ацев”       

Најголема новина  во гимназијата “Мирче Ацев” е новиот ходник кој целосно е сменет со клупи и масички, нови ПВЦ врати на местото на старите дрвени и витрини во кои покрај досегашните награди е оставено место за новите пехари и пофалници што гимназијалците допрва ќе ги освојуваат.

Првиот кати дел од вториот кат се варосани за што се потрошени околу 300 илјади денари.

Приоритет останува реновирање на фасадата, како и партерно уредување на дворот, за да биде пријатно место за одмор меѓу часовите.

Новина е и кариерниот центар за насочување на учениците кои се на крстопат со образованието. Пет професори и стручната служба ќе им стојат на располагање на учениците да ги советуваат каде да продолжат со учењето. Ќе се работи со децата од втора година, кои треба да се насочат каде да продолжат.

Loading