Првиот прилепски синдикалец Лазар Ангелески нема став за одлуката на централата
Централата на Сојузот на синдикатите ќе ја продава зградата на синдикатот во Прилеп. Оваа информација ја лиферува деневникот Дневник, пренесувајќи дека расправата на раководството на сојузот на Синдикатите била жолчна, зашто некои претставници на гранските синдикати не се согласувале и ја напуштиле седницата на претседателството.
Локалниот синдикален лидер Лазар Ангелески дознал за продажбата од весниците. Тој посакува преуредување на зградата.
На прашањето каков е неговиот став, кусо изјави:
“Ниту да, ниту не, туку немам став. Објектот има имотен лист на ССМ”.
Пред десетина години, занаетчиската комора претендираше да ја преземе зградата на Синдикатот, во која денеска има само неколку канцеларии за синдикалците, а останатите се изнајмени, вклучувајќи го и просторот на поранешното кино Работнички, кој сега го користи сопственикот на ноќниот клуб ВИП. Занаетчиите поведоа спор во судот, бидејќи сметаа дека објектот е граден од градскиот занаетчиски еснаф, а тие се правни наследници. Тоа не беше доволен факт за судот и синдикатот го доби објекот.
Синдикалците коментираат дека иако досега имало обиди за продажба на привлечниот имот на ССМ, тие биле безуспешни.
– Донесена е одлука имотот да се дели со Конфередацијата на слободни синдикати. Станува збор за одлука за отуѓување на три објекти, кои сега се деловни простории, од кои два во Скопје и еден во Прилеп, а тоа е зградата на синдикатот со 897 квадратни метри – велат скопските синдикалци.
Од гранските синдикати толкуваат дека според статутот на ССМ, претседателството се грижи за имотот и нема ингеренции да го продава, освен ако не се распадне. Синдикалците сметаат дека имот некој им го дал на да го користати раководството, а не да го става на барабан.
– За да се продаде, се формира нов правен субјект, а згаснува стариот – велат претседателите на гранските синдикати.
Практика е секаде имотот да е на синдикатите, а не да се оттуѓува.
Инаку, новина што Сојузот на синдикатите и Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) се интегрираат и стануваа едно, со име Сојуз на самостојни синдикати на Македонија – “Респект”.
![]()


