РУСИЈА, РУФЕЈА И ТИКВЕШ

Фудбал: Богат продолжен викенд

Три фудбалски меча е понудата за продолжениот викенд, од сабота до вторник. Сите се на исто место, стадионот “Гоце Делчев”.

Прво утре (15, 30 ч.) е женскиот репрезентативен дуел за квалификациите од ЕП, Македонија – Русија. Самиот изглед на табелата, каде Русинките се втори со 18 бода, а Македонија последна со два навестува нерамноправна игра. Избраничките на Горазд Михајлов се борат за попристоен резултат.

В недела е второлигашкиот меч од 5. коло, 11 Октомври – Руфеја. Домашните се свртија кон првенството, а лесно се откажаа од купот, каде беа декласирани од прволигашот Ренова со 0-5 (0-0). Целта е да се искористи шансата за пробив нагоре на табелата, после сензацијата во Кавадарци, каде е прегазен Тиквеш со 0-3. Тимот е комплет, со засилувањето Игор Мирчески.

Вторник е настапот на Корзо, новиот второлигаш. Од четири кола освои три бода и додека е време мора да тргне кон нов триумф. Гостува ранетиот лав, Тиквеш. Од Корзо најавуваат беспоштедна борба. Повредените се излекуваа, меѓу кои засилувањето Влатко Тошески, а црвениот картон го издржа Христијан Тодоровски.

Третиот претставник, Победа јуниор, утре гостува на Македонија во Ѓ. Петров, после првиот куп меч 0-0 дома со прволигашот Дрита.

Металург “граба”

Скопски Металург бендиса неколку млади играчи од Прилеп и ги зеде во своите редови. Најнови се стоперот Александар Ристевски од Победа ј. и шпицот Марјан Радески од 11 Октомври. Претходно фрлија око на голманот Александар Игески и напаѓачот Ицко Јанкоски.

Loading