РОТАРИЈАНЦИТЕ ПОДАРИЈА ВОЗИЛО НА БОЛНИЦАТА

Транспортно амбулантно возило, со кое ќе се овозможи побрз и покомфорен транспорт на пациентите до Клиниките во Скопје, доби болницата како донација од Ротари клубот. Возниот парк се зголеми на 4 амбулантни возила. Според директорот Илија Богатиноски, донациите се секогаш добредојдени со оглед на тоа што долги години квалитетот на здравствените услуги во јавното здравство бил на маргините.

Со оваа акција, ротаријанците сакаат да ги стимулираат и другите здруженија и организации да ја покажат својата хуманост, особено кога се работи за здравјето на граѓаните. 

Loading