РАМО ДО РАМО СО СКОПЈЕ

Карате

Скопските Металург и Макпетрол се сметаат за гиганти во карате спортот, а на прилепските им е мотив да докажуваат на секој натпревар дека се рамо до рамо до нив. На изборниот државен натпревар во Скопје за настап на Светско првенство во Париз, многу медали за учесниците од градов. Особено се истакнаа од КК Ронин. Први места освоија: Даниел Петковски, Зорица Спиркоска и којзнае по кој пат женскиот ката тим. Поединечно, втора е Пуликсенија Јованоска, а трети се Верица Трајковска и Марија Матракоска.

Од КК Спорт 94 трети места изборија Николче Мирчески, Тодор Ристески и  Мартин Петрески.

Loading