ПРВО МЕСТО ЗА ЈУБИЛЕЈОТ

ФК Пролетер постои 65 години

Меѓу најстарите фудбалски клубови е ФК Пролетер, основан 1947 година. До крајот на годинава се готви прослава. Управата најавува богата програма. Можен е ревијален меч на стадионот “Гоце Делчев”.

– Омилениот клуб заслужува достоинствено одбележување на јубилејот. Имаме многу приврзаници и сигурно дека трибината ќе биде преполна. Што се однесува до првенството, сакаме прво место – вели Сами Јашароски, координатор во ФК Пролетер.

Помагаат пријателите на клубот од странство. Меѓу најблиските е Реџеп Асаноски од Виена, Австрија. Беше тренер и судија, долги години е на печалба, но клубот не го заборава. Не се забораваат спомените кога Пролетер играл во Велешкиот и Битолскиот потсојуз, за бодови се борел со битолски Пелистер, а за куп со скопски Вардар

– Среќни сме што имаме приврзаници, како Реџо. Подготвен е да издвои од семејниот буџет за саканиот клуб – истакнува Јашароски.

Новото првенство стартува в недела, во Обршани.

Loading