На саемот на книгата во Москва
На престижниот европски, па и светски саем на книгата во Москва, трет по големина во светот, е претставена книгата “Руските монаси во Македонија” од отец Никола, игумен на манастирот Св. Никола од селото Манастир, Мариово, објавена на руски јазик од ИК “Македонска реч”. Преводот е на Елена Верижникова, која е професор по македонски јазик на Универзитетот Ломоносов во Москва.
Преку книгата на Русите им се пренесуваат убавините на македонските цркви, но и на дејствувањето на нивните сограѓани во Македонија, односно на книжевната традиција што ја создавале по нивното доаѓање во Македонија.
Сликовито се предаваат искушенијата и делото на руското духовништво кое остави траен белег на македонската почва и се вгради во целокупната историја на МПЦ. Публикуваните материјали се ретко истражена тема во македонската историја.
Инаку, на саемот, македонската издавачка куќа претстави и друга квалитетна уметничка литература, меѓу која и 10 македонски романи на 21 век.