МДС со нова претстава
“Чернодрински се враќа дома” од Горан Стефановски, во режија на Југослав И. Кочоски е новата премиера што Младинското драмско студио при Центарот за култура ја прикажа во вторникот.
– …Черно-Дрински… или …Црно-Дримски… “Срешча”, или “Средба”… ТОЈ уште во затворо” ли е?! Правилно ли го “лустрираа”“?!… Зошто ни е Чернодрински после толку време пак потребен?… Неповрзано, во секвенци…, аматерски… Хаотични извадоци – кои сме биле, какви сме и какви, “по ѓаволите”, сакаме да бидеме?!… -ова беа само секвенците на кои сакавме да дадеме одговор. Се надевам успеавме- вели режисерот Кочоски.
Играа Марио Стојаноски, Александра Мирческа, Филип Цакоски, Виктор Мирчески, Александар Пусоски, Емилија Андоноска, Дарко Карбески, Симона Трајческа и Дарко Ристески.