ПРЕМИЕРА НА “АНТИУМЕШНОСТ”

Вечерва в театар

“Антиумешност”, во режија на Саша Нацевски, трета година студент на ФДУ – отсек режија во класата на професор Слободан Унковски, е новата претстава на ЦК “Марко Цепенков”, што премиерно ќе биде одиграна вечерва од 20 часот во театарот. Урбаната претстава, која не е за деца под 14 години, е работена по текст на австралискиот драматург Алекс Браун.

            – Современиот начин на живот ги “скратува” моралните патишта во походот кон љубовна врска. Моралните вредности кај современиот човек од 21 век се деградирани до степен на животински инстикт – да се множи – вели Нацески, кому ова му е втора претстава по 33 со Младинското драмско студио.

Играат актерите Никола Настоски и Милан Секулоски, студентите на ФДУ – Димитрина Мицкоска, Илија Волчески и Ирена Мирческа и Дарко Карбески, младинец од МДС.

Центарот ја реализира претставата со сопствени средства.

Loading