ПРЕКУ АНИМАЦИЈА ДО МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Учениците од ОУ “Блаже Конески”, осмоодделенките Јулијана Чапрагоска, Михаела Камческа и екс-осмоодделенецот Бојан Димески, биле поканети како единствени представници од Македонија на работилницата за анимација во Врање, Србија. Личност за контакт бил Пецо Ристески, кој е претседател на друштвото за македонско – српско пријателство.

Иако немале никакво претходно знаење за процесот на анимација, искусните професори од Италија, Бугарија и Србија за шесте дена им доближиле како се прави “цртан филм”. Времето го поминувале дружејќи се со 35 учесници од Бугарија и Србија.

Работилницата носела назив Златен полжав, изгледа затоа што бавно се прави анимиран филм.

            Јулијана “гребела филмска лента”, со што од лента за фотоапарат од 35 мм. требало макотрпно да нацрта на секој слајд една слика. Кажува дека од сиот труд излегол анимиран филм во траење од седум секунди, а потрошила седум ленти филм.

            Михаела работела со техниката колаж, каде од нацртан човек, му се сечеле екстремитетите и со нивно внимателно поврзување секој слајд полека се менувал. Филмот се викал Кејт и Пери, а Бојан создал графити од спрејови.

Loading