ПРАЗНИЧЕН МАРШ НА КОРАБ НА КАРТУШОВЦИ

Планинарите од Картуш го чуваа највисокиот врв во Македонија токму за празникот на независноста – 8 Септември. Досега беа секаде, ама искачувањето на Кораб е традиционално, посветено за овој празник. На маршот, долг 24 км. картушовци биле заедно со уште 2000 планинари од земјава и странство. Убавиот и сончев ден го минале, качувајќи се по стрмните патеки на планината Кораб за да стигнат до врвот – Голем Кораб на височина од 2764 м. Искачувањето барало голема физичка подготвеност и ентузијазам, ама сите планинари ја постигнале целта за четири часа.

Како да не им било доволно задоволството со врвот на Кораб, го дополниле гладот за уживање во природа, релаксирајќи се со посета на селото Скребатно. 

Loading