ПЛОЧНИКОТ ЌЕ ПЛИВА ВО ЗЕЛЕНИЛО

Ги нема повеќе сепарињата во централното градско подрачје кои прилепчани заради изгледот ги викаа популарно “тоблероне”. На нивно место со реконструкцијата на плоштадот “Методија Андонов – Ченто”, ќе се постави нова урбана опрема која ќе му даде нов шмект на просторот. Центарот ќе се освежи и ќе добие нова димензија. Во тек е првата фаза од реконструкцијата на површина од 7000 м2.  Врз бетонската подлога се поставува квалитетен материјал кој гарантира долговечност и интересни проектантски решенија, што на цел плочник ќе му даде урбан изглед. Реконструкцијата планирано е да заврши наскоро.

– Посебен аспект е новото партерно уредување, на постојното зеленило кое не смее да се оштетува, туку да се облагородува. Покрај постојните дрвја, ќе има насад на нови садници. Центарот ќе плива во зеленило и нема да има скаличен простор и цел плоштад ќе биде во едно ниво, за да немаат проблем лицата со хендикеп и мајките со колички -вели Бранко Нешкоски, директор на ЈП за ПУП.

За да не се оштетуваат и кршат, се поставуваат гранитни плочки со дебелина од 5 цм. 

– Граѓаните да се воздржат уште малку, бидејќи ќе има уште поубави и модерни сепареа и ќе биде убаво место за дружба и поминување на слободното време – вели Ристески

По завршувањето на реконструкцијата на овој дел од плоштадот, се продолжува со обновата на улицата “Борка Талески” која е дел од плоштадот на потегот од ОУ Кочо Рацин.

Инвестицијата за реконструкцијата на плоштадот Методија Андонов Ченто изнесува 15 милиони денари. Потоа ќе следи реконструкција на улицата Борка Талески. Не се реализира само нов плоштад, туку и цветни патеки во центарот на градот со што се зголемува површината на старата чаршија. 

Loading