Српско – италијанската фабрика за откуп и преработка на печурки Бимфуд го стави во функција новиот објект за преработка на овошје и зеленчук, вреден околу еден милион евра. Технологијата овозможува годишно да се преработуваат околу четири илјади тони овошје и зеленчук, главно наменети за пазарите на Италија, Шпанија, Франција, Германија и Австрија.
Директорот Иван Бичанин рече дека Прилеп е избран за инвестирање оти околината е богата со зеленчук, а локалните власти му помогнале да ја отвори фабриката пред четири години.
– Стопанската клима е поволна и привлечна и за други инвеститори. Нашето искуство го потврдува тоа. Затоа продолжуваме да вложуваме во Прилеп – рече Бичанин.
Во погонот се ќе ангажираат уште 60 работници, покрај сегашните 30 вработени.
![]()

