ТАИНСТВЕНО СВИРЧЕ

ТАИНСТВЕНО СВИРЧЕ

Покрај петте гола, печат на фудбалскиот куп меч 11 Октомври – Ренова 0-5 остави и едно таинствено свирче! На секои две – три минути, некој од публиката потсвирнуваше толку добро имитирајќи го судискиот свиреж, што играчите се збунуваа и застануваа. Играта продолжуваше, откако ќе видеа дека звукот не доаѓа од кај главниот арбитар Тони Митревски од Битола.

Имаше свиреж при првиот гол. При пробивот на Б. Велија, свирчето свирна, домашните застанаа, гостинскиот бек биеше и ја затресе мрежата. Се повторуваше повеќепати, а судиите се консултираа, погледнуваа кон трибината, но беа немоќни. Никој не го искодоши свирчето што свиреше, додека публиката се смееше. 

Loading