СОУ “Ѓорче Петров”
Нема каде да се фрли игла во училницата за новиот профил – физиотерапевт во медицинската струка во СОУ “Ѓорче Петров”. Од 34 места, сите се запишале и седат по тројца на иста клупа. Новиот профил е отворен за сметка на укинување на еден клас – медицински сестри.
Со отворањето на новата сала се пружи можност за пренамена на просториите кои служеле за соблекувални. Така се реши горливиот проблем со кабинети за козметичарките и фризерките.
Двете простории се скоро довршени за изведување на настава и недостигаат уште финеси. Со ова учениците од профилот лични услуги нема веќе да се туркаат во малиот кабинет, туку ќе имаат пространа училница со сите потреби за изведување на наставата.
Со пренамената на просториите и техничката служба добила нова просторија.
Кариерниот центар е целосно опремен со средства од УСАИД и министерството за образование. По ист тертип сите средни училишта кои аплицирале и добиле средства за кариерен центар ќе работат со учениците за време на слободните часови.
Директорот Дејан Димоски рече дека се најдени пари за градба на уште четири простории за кабинетска настава, и се чека само тендерската документација да се почне со работа.
Останува уредувањето на дворната површина, за која е добиено ветување од градоначалниот, дека ќе биде ставен на дневен ред на следната седница.