НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА СУБВЕНЦИИТЕ ЗА ТУТУНАРИТЕ

“Тутунарите треба да бидат спокојни и сигурни дека и натаму ќе има производство на ориентален тутун и дека ќе ги добиваат субвенциите како што е ветено во програмата на Владата”.

Ова го изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

– Тутунопроизводителите да не стравуваат, туку да се спокојни. Нема опасност од намалување на субвенциите. Владата ќе ги заштити интересите на Македонија и на произодителите на тутун и во тој дел ќе заземе став во корист на македонската економија и македонското земјоделство – рече Ставрески.

Тој додаде дека субвенциите за тутунарите за годинава се целосно исплатени во износ од 20 милиони евра во мај и јуни.

Според него, препораките на Светската здравствена организација повеќе се однесуваат на зачувување на здравјето на пушачите, отколку на оние кои произведуваат тутун.

Loading