Кирил Трпчески – претседател на занаетчиската комора
Претседателот на занаетчиската комора, Кирил Трпчески, реагира на потезите на централата на Синдикатот во Скопје за продажба на зградата на синдикатот во Прилеп.
– Објектот е наш и нема синдикалците во Скопје што да продаваат во Прилеп, кога не граделе и не купиле. Објектот е граден од еснафот на занаетчиите во Прилеп во триесетите години од минатиот век. Занаетчиската комора е законски наследник. Објектот е во рацете на синдикатот со некој сомнителен документ, со кој занаетчиите го подариле објектот на државата, односно на Синдикатот по ослободувањето. Потписот на документот и целиот документ имаат многу елементи за сомнеж дека се вистинити. Ќе преземеме судска постапка за враќање на објекотот во наша сопственост. Во меѓувреме, ќе бараме замрзнување на можноста за оттуѓување – вели Трпчески.