
Градоначалникот Марјан Ристески им подари на семејството Маркоски од селото Беровци детски ранци, училишен прибор и паричен надомест од десет илјади денари. Децата на возраст од 6 од 17 години неизмерно се радуваа што новата трка по знаење ќе ја почнат со нова опрема. Сакаме да дадеме позитивен импулс, за помош и несебична поддршка кон социјалните категории и во населените места – изјави градоначалникот Ристески.
![]()


