Ученичката од економско, Тања Димеска веќе ја промовира втората книга. Љубовта кон пишаниот збор започнала со учењето да чита и пишува. И продолжила да се развива и да еволуира од детски песни во посериозни животни приказни.
Првата книга, наречена “Нов ден, вообичаена вечер” ја промовирала лани, а новата “Смирено”, годинава. Првата книга била преплет на проза и поезија, а втората збирка есеи од секојдневниот тинејџерски живот. Интересно е тоа што сé што е напишано í е базирано на вистинит настан.
Промоцијата на двете книги била преку битолското книжевно друштво “Дата песнопој”.
Тања сама конкурирала и друштвото í овозвожило 50 отсто покривање од трошоците за издавање.
Димеска го подготвува повеќе години романот “Лавиринтот на загубените тинејџери”, а планира да го издаде в година.
Запишана на насоката правен техничар во економското училиште со намера да стане новинар.