ГРАЃАНСКИ ИДЕИ ВО ИЗБОРНАТА ПРОГРАМА НА ВМРО – ДПМНЕ

Во насока на мобилизација на сите креативни капацитети на македонското општество и нивно обединување во намерата за побрз и посилен развој, ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои имаат предлози, сугестии, проекти и размислувања, а кои сметаат дека можат да бидат внесени во изборната програма на ВМРО – ДПМНЕ да ги доставуваат до нив.

– Предлозите и проектите на граѓаните се исклучително квалитетни. Тие нудат идеи и решенија за нивните вистински потреби и приоритети. Преку можноста тие да доставуваат предлози се покажува отвореност и слух за проблемите. Предлозите ќе ги вметнеме во програмите да ги реализираме – вели м – р Никола Димески, претседател на ОК на ВМРО – ДПМНЕ – Прилеп.

Loading