Борење
Наместо меѓународен, се одржа домашен турнир во борење слободен стил, во салата на СОУ “Ѓ. Петров”. Најдобар беше клубот домаќин, 7 Мај Леов со девет медали, близу четвртина од вкупно 39 доделени. Чудото од дете, Дино Еленин без проблем победи во категоријата до 12 години и 45 кг. Под него паднаа од Спартак Кочани и Балканец Штип.
Останати победници, Леонардо Насески, Теодор Темелкоски, Филип Јованоски и Кате Мирческа.
Учествуваа 80 млади борачи од пет клуба.