ЦЕЛА УЧИЛНИЦА БАНКАРИ

СОУ Кузман Јосифоски – Питу

Профилот банкарски техничар ја исполнува една училница во СОУ Кузман Јосифоски – Питу. Директорката Наталија Ацеска вели дека само со новитети и атрактивни профили може да се спречи одливот на ученици. За в година планира да побара отворање на профил – електронски бизнис.

– Претендираме да го разбиеме митот дека училиштето е во целост поврзано со математика, која им е главна пречка на учениците. Со новиот профил постигнавме некој успех. Тоа ќе го надградиме со профилот е-бизнис и ќе покажеме дека математиката не е во толкава мера врзана со економијата, туку со новите комјутерски програми се сменува од традиционалното рачно пресметување на равенки и теореми со калкулатор – појаснува Ацеска.

Во училиштето е отворен кариерен центар каде учениците ќе се насочуваат за понатамошно одбирање на професија или факултет.

Од соработката со бизнис секторот добило донација од превозниците ТВ сет, две клима уреди од Лозиго, а од ДЕ – НИ мебел – нови столчиња. Во училиштето, покрај бојадисувањето, е  поставен ламинатен под. 

Loading