ЗАМАВ НА СПОРТСКОТО КАЧУВАЊЕ

Две – три години активен е Спортскокачувачкиот клуб Златоврв, кој е дел од истоименото планинарско друштво. Новиот спорт зема замав. Го практикуваат 20 членови. Активностите се насочени кон популаризација на овој спорт и кон промоција на терените околу градов, погодни за дисциплината “болдер”.

– Качувањето е натпревар, кој се одвива на карпа, природна или вештачка. Победник е оној кој ќе ја мине патеката. Ако повеќемина успеат, најдобриот се добива со репасаж – објаснува Христо Белакапоски, тренер.

Клубот се покажа со традиционалниот “Крали Марко болдер фестивал”, на кој учествуваат натпреварувачи од цела Европа.

– Предимство се карпите од гранит, а во странство се од варовник. Природните карпи се погодни за искачување без јаже – истакнува Белакапоски.

Loading