ТРИБИНА НА ПАТОТ

Возачите застануваа да гледаат фудбал

Фудбалското меѓусоседско дерби во Мало Коњари, Млекар – Големо Коњари (3-0) го следеа близу 300 гледачи од двете места. По традиција, домашните беа од внатрешната страна, од центарот на селото, а гостите навиваа од патот. Како врвеа, кога ќе видеа дека има натпревар, возачите застануваа, се паркираа и гледаа фудбал. Имаше со автомобили, трактори, мотори и велосипеди. Се создаде импровизирана трибина покрај патот.

Немаше ни најмала дамка во навивањето. Овие две места покажаа како треба. Коректно секоја страна ги бодреше своите, без навреди кон противниците. Натпреварот помина во крајно фер и спортски амбиент. Домашните задоволни го славеа успехот и се честеа во најблиската кафеана. Мнозинството големокоњарци не го дочекаа крајот, после третиот гол се разотидоа, трибината по два часа пак се претвори во обичен – пат.

Loading