REMORSE “ПАЛАТ” СО РОК, БЛУЗ, МЕТАЛ

Нова музичка група на сцената

,,REMORSE,, е новата музичка група која, музички “пали” низ градот. Огнено крштевање имаа пред една недела. Најавуваат голем број свирки и забави.

Членуваат шестмина млади со мерак за блузот, рокот, металот. Тоа се Филип Цакоски – гитара и вокал, Горан Илиески – гитара и вокал, Оливер Илиески – синтисајзер, Александра Ацеска – вокал,  Леонид Мавроски  – бас гитара  и Кирил Мулоски- тапани.

   Сите се обожаваатели на групите Металика, Нирвана, Аеросмит, Дип Парпл, Мегадет.

   Филип раскажува дека почнале да свират кога се запознал со Горан. Двајцата, сакајќи го металот, се подготвиле да формираат бенд. Брзо го пронашле басистот Леонид, кој шест години свири на гитара. Потоа им се приклучил и тапанарот Кирил. Така ја оформиле групата.

Loading