Ракомет: Оливер Деркоски, претседател на РК Жито Прилеп
Фирмите треба да покажат општествена одговорност
Веќе три – четири години женската ракометна екипа е под спонзорство на Жито Прилеп, а претседател е Оливер Деркоски. Околу него се потврдуваат истите соработници. Се потврдува и тезата, “екипа која победува не се менува”. Почнаа од понизок ранг, на сред сезона влегоа во Супер лига и прифатија веднаш да се претстават во Европа.
– Згаснатиот ракомет го оживеавме и направивме неколку чекори напред. Со сениорскиот тим играме во Европа, но вложуваме и во младите категории. За неколку години костурот на тимот ќе е домашен – најавува Деркоски.
Како директор на јавно како претпријатие наоѓате време организирате клуб?
– Не е ни малку лесно зашто ЖРК Жито Прилеп е професионален клуб, единствен во градот. Покрај услови, се обезбедуваат и плати. Ефектот се мери иако по незадоволителни резултати. Нема сентименталност. Се менуваат тренери и играчи. Тешко е, обезбедуваме сала, опрема и сé што треба за сите категории. Покриваме со поголем буџет, благодарение на спонзорот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски. Имаме поддршка и разбирање – објаснува Деркоски.
Треба да се симне капа на клубот, кој е единствениот женски, кој стои рамо до рамо до скопските. Во претсолнината има финансии, во внатрешноста компаниите не ја сфаќаат општествената одговорност. Да не споредуваме со странство. Во Франција, Мио Бигано, мало место со 12 илјади жители и сала со 970 седишта, стана шампион во купот Челенџ, благодарение на сите фирми кои се вклучени, а гледачите купуваат влезници, дрес или шалче да помагаат.
– Убаво би било и нашата сала да е исполнета со разни реклами. Верувајте дека наскоро ќе се множат спонзорите, зашто докажуваме колку сме сериозен клуб и секој денар го вложуваме на вистинско место – заврши Оливер Деркоски.
Спречени од 43-годишна
Два тест меча одигра Жито Прилеп со српскиот Железничар од Инџија. Во салата “Сонце” првиот заврши нерешено 27-27, вториот 24-27. Домашните испуштија победа на првиот кога поведе Шалевска, но израмни Чампа. На мечот се покажа 43-годишната гостинска голманка, Паплацко.
Потоа гостуваше Металург јуниор, совладан со 32-16.
Влезници 50 денари
Со време е одредена цената на влезниците за европските мечеви со шведскиот Лундагард, на 20 и 21 октомври. Блок за двата меча чинат 100 денари. Симболичната цена е за привлекување публика.
– Редно е да се наполнат трибините до крај. Посакуваме голема поддршка против, реално, посилниот противник – вели Деркоски.