Дерби на истоимените во Третата лига – Југ
Возбудливо во Третата лига – Југ. Дербито беше меѓу лутите ривали од Мало и Големо Коњари. На игралиштето во Мало Коњари опкружено од сите страни со гледачи, домашниот тим на Млекар со убедливи 3-0 (0-0) го совлада Големо Коњари.
– Подобро сме подготвени физички. Тоа одлучи – рече Орде Маркоски, тренер на Млекар.
Гостите се жалат на судењето. По нив, вториот гол е офсајд, а престрого им исклучиле играч пред крајот.
– Превисок пораз од судиите. Ако вака продолжат, ја напуштаме лигата – најави Кронислав Мантароски, претставник на Г. Коњари.
Резултати: Кадино – Борец 1-5. Братство – Кожуф 0-2, Сирково – Партизан 2-3, Бабуна – Тополчани 4-1, Росоман – Младост 2-0.
Табела: Борец, Кожуф и Партизан по шест бода. В недела (16 ч.): Партизан – Бабуна, Г. Коњари – Сирково, Кожуф – Млекар, Младост – Братство, Тополчани – Кадино.