КОЛОНИЈАТА ДРЕН НА ДЛАНКА ВО ГАЛЕРИИТЕ

ЦК ,,Марко Цепенков,,

Пејзажи, апстрактни слики, скулптури се 50 дела што ќе бидат изложени од вечерва во ликовниот салон на ЦК “Марко Цепенков” од 19.30 часот на изложбата од петтата ликовна колонија Дрен.

Најаве ќе се видат инспиративни дела од годинешните учесници, сликарите: Светлана Солодовникова, Тони Чатлески, Олга Петракеева, Драгана Бранковиќ, Мита Ристиќ, Сергеј Дамовски, Христина Зафировска, Владимир Кнежевиќ, Силвана Атанасовска, Мирослав Стојановиќ, Верче Димовска, Стефан Малбашиќ, Анка Данаиловска, Владимир Темков и Илина Арсова.

Паралелно, во другата галерија, по повод петгодишниот јубилеј од одржувањето на колонијата Дрен, која се етаблира како реномирана ликовна манифестација во земјата, а полека и во странство, ќе биде поставена рестроспективна изложба од претходните години.

 Со изложбата, Центарот ја завршува годинешната манифестација “Цело лето – културно лето”, што ја организира во соработка со општината.

– За повеќе од два месеца, Центарот понуди над дваесетина квалитетни настани – концерти, изложби, театарски претстави. Како што започнавме, со колонијата Дрен, така завршуваме – вели директорот Тони Чатлески, потенцирајќи дека со манифестациите се задржало вниманието на граѓаните.

Loading