Борење
За 8 Септември, Денот на независноста, боречкиот клуб 7 Мај Леов организира меѓународен турнир во слободен стил. Се очекуваат стотина натпреварувачи од Унгарија, Косово, Бугарија и од осум домашни клубови. Мегдан е училишната сала од средното училиште “Ѓорче Петров”.
Турнирот е еднодневен, по систем каде натпреварувачите се поделени во четири возрасни и во тежински групи. Најмалите имаат по 10, највозрасните 20 години. Првпат во градот ќе има официјална борба меѓу женски борачи. Прва прилепчанка која го прифаќа предизвикот е 13-годишната Катерина Мирческа.
Мечевите ќе се одвиваат на еден татам, за во салата да има место за 50 гледачи.