БЕЛ ДЕН ЗА “ТАНЦОТ НА ФИГУРИТЕ” ОД ДАМЕСКИ

В недела в Библиотека

Сé за потезите во шахот, шаховски мисли и мудрости, шаховски згоди и незгоди, легенди во прилепскиот шах, се само дел од записите во книгата “Танцот на фигурите” од примариус д-р Благоја Дамески, што ќе биде промовирана в недела во градската библиотека, а по повод одбележувањето на Денот на независноста –  8 Септември.

– Книгата е увид на мојата шаховска архива. Стотици и стотици одиграни партии. Делото е резултат на вложен труд, на многу непроспиени ноќи за шахот, покрај сите мои животни обврски – вели авторот.

Дамески е специјалист по детска и превентивна стоматологија. Член е на ДНУ и два мандата е советник  во општинскиот совет. Со шахот е во дружба од мала возраст. Неколкупати бил шаховски првак на Прилеп, учесник на републички натпревари, на шаховската репрезентација на поранешна Југославија…

Loading