Неуморните планинари на Картуш место не ги фаќа за викенди. Не мирувале и направиле марш на планината Баба. Бидејќи врвот Пелистер е доста висок, планинарите се поделиле во две групи. Првата со планинари со подолг стаж минале 26 км, почуваќи од Чешмата Палиснопје, месноста Болници, се искачиле на врвот, капата на Баба – Пелистер. Се спуштале по рутата Мало Езеро, планинарскиот дом на Големо Езеро и слегле до Ниже Поле. Втората група планинари – рекреативци, тргнале од истото место како првата група. Се упатиле кон планинарскиот дом Копанки, месноста Јоргов Камен и Црвени Стени и походот го окончале во хотелот Молика. Денот бил измислен за прошетка низ густите молики. Попатно минале низ црвен тепих шумско овошје. Се освежиле со зрелите малинки, земајќи сила за последната етапа.