Шах
Во организација на ШК Прилеп, под покровителство на Локалната, во центарот на градот се одржаа шаховски натпревари за афирмација на древната игра. Во фокусот беше брзопотезен турнир, на кој 29 учесници одиграа 9 кола. Победи Роберт Велески со 8,5 поени и биланс од осум победи и едно реми, пред Тони Кироски со 7,5 и битолчанецот Јосип Димитровски со 6,5.
Интересна беше и симултанката на 10 табли од интермајсторот Тони Кироски, забележувајќи девет победи и едно реми. Најмлад играч беше 8-годишниот Андреј Галески, највозрасен 62-годишниот Трајан Бошкоски, а најдобар младинец Давид Манески. Прво се одигра двомеч меѓу пелагониските, соседски ривали, во кој Прилеп со 2,5:1,5 ја “матираше” Битола. На 4. септември е најавен реванш во Битола.
Пред голем број шаховски љубители наградите ги додели градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.