ПРВОТО УЧИЛИШНО ЅВОНЧЕ ЗА 752 ПРВАЧИЊА

Бесплатна објава

В понеделник стартува новата учебна година

В понеделник стартува новата учебна година. Во училишните клупи, според податоците од локалната самоуправа, во училиштата ќе тргнат околу 11 илјади ученици. Од нив  7000 во основните, а 4000 во средните училишта.

Првиот ден ќе е највозбудлив за првачињата, кои првпат ќе седнат во училишна клупа. За 752 првачиња ќе се огласи училишното ѕвонче.

– Училиштата се подготвени за стартот. Речиси во сите се извршени реновирања. Во Гимназијата ,,Мирче Ацев,, во СУ,,Ѓорче Петров,, и во музичкото училиште беа преземени поголеми реконструктивни зафати на ентериерот и екстериерот. Вложивме неколку милиони денари да им се подобрат условите за настава не само на учениците, туку и на наставниците – вели Марјан Матракоски, советник за образование во  ЛС.

Loading