ОД 0-1 ДО 8-1

Историја

Долго се паметат само најинтересните фудбалски натпревари на Победа. Во Втората лига на Југославија, во сезоната 1976/77 е забележна една од највисоките победи. Во 2 есенско коло страдаше црногорското Јединство од Бијело Поље со 8-1. Мечот е одигран на 29 август 1976.

Звучи неверојатно, но првото полувреме заврши само нерешено, 1-1. Дури гостите први поведуваат во 10. минута од пенал. Осум минути Победа се мачи да израмни и тоа необично. Центрира Цветкоски – Кокеза, а Магдески, како никогаш, со глава се вивнува и погодува за 1-1. Во второто полувреме домашните напаѓаат како оси. По три гола даваат Глигороски и Манески, а еден Трајкоски за конечни 8-1.

Победа настапи во состав: Т. Тодороски, М. Цветкоски, Дрвошанов, Мечев, Л. Илиев, Митев, Р. Ѓорѓиоски, Магдески, Г. Манески, П. Трајкоски, Глигороски. Тренер беше лани починатиот на 81 година, Александар Петаковиќ.  

Loading