НАШИТЕ КАЈАКАРИ ГИ МИНАА ОХРИДСКИТЕ РИВАЛИ

На државното првенство во кајакарство во Охрид, прилепскиот ККК Арка освоила две трети места, а за влакно им избегала и четвртата бронза.

Од младите кајакари Леонардо Пеоски се закитил со бронза во категоријата К-1, пионери, Теодора Стеваноска со исто одличје во К-1, а тандемот Леонардо Пеоски и Стефан Наумоски во К-2 кану двосед за стотинки не стигнале до престижното трето место.

Тренерот Сашо Петрески е задоволен од резултатите, поради малото, само петгодишно искуство на клубот и првото учество на натпревар од ваков калибар.

– Имавме конкуренција од 60 учесници, од кој повеќето од клубови со над 60 години традиција. Тренираме на вештачкото езеро, а кога го формиравме клубот охриѓани, стружани и дебрани ни се потсмеваа, затоа што градов нема река. Наајдобар начин ја демантиравме нивната скепса – потенцира Петрески.   

Loading