Корзо
Дебитантот на второлигашката сцена, Корзо, стигна до првиот триумф, над фаворитот Маџари, со 1-0. Во меч кој “мирисаше” на реми, одлучи еден гол и тоа во 89. минута, кога од пенал реализира 18-годишниот Христијан Тодоровски.
– Тежок меч. Млада екипа сме, со борба доаѓаме до успех – смета стрелецот кој за радоста со татко му, тренерот Горан Тодоровски, доби црвен картон.
После двата почетни порази малку кој веруваше во поволен исход. Играчите пак покажаа неефикасност пред голот и добро е што ги посака среќата во новите дресови, за самодоверба. Има време за поправки.
– Овие играчи не се познати, но внимателно одбрани. Наше е макотрпно да работиме и да извлечеме максимум – смета Горан Тодоровски.
Во наредното коло Корзо се среќава со Победа јуниор.