КАДИНО ИЗНЕНАДИ

Трета лига

Стартуваше првенството во Третата фудбалска лига – Југ. Овој ранг брои 16 тима, од кои седум се од ОФС Прилеп. Во Обршани паднаа седум гола, домашниот Партизан со 4-3 го совлада Млекар, во Големо Коњари, домашните со 1-0 славеа над Братство. Во Кривогаштани успех на Младост, со високи 3-0 го совлада Вардар Неготино. Пријатно изненадување во Богданци, Вардарски – Кадино 1-2, а дебитантот Тополчани со 6-0 е поразен на гостувањето во Велес од фаворитот Борец. Преостанатите резултати: Сирково – Бабуна 0-0, Кожуф – Росоман 6-1, Превалец – Илинден 1-1.

Идното, 2. коло е в недела и најинтересно во Кадино, каде гостува некогашниот прволигаш Борец, а во Мало Коњари играат соседите Млекар и Големо Коњари. На останатите средби, Тополчани гостува на Бабуна, Младост на Росоман, Партизан во Сирково, а Братство првпат игра дома, со гевгелиски Кожуф.

Loading