Серија презентации на новинарот Тренчо Димитриоски
Новинарот и публицист Тренчо Димитриоски, кој последниве 20 години ги истражува остатоците од културното наследство во Пелагонија, Мариово и Прекурид, при тоа откривајќи ги непознатите содржини од минатото, од чиј резултат се појавија и неколку негови печатени трудови посветени на древните цивилизациски трагиц. Подолго време подготвува и предавања со видео – презентации на тема “Преоткривање на културните вредности на древниот град Прилеп”. Синоќа говореше за “Митолошките траги на древниот град Прилеп”.
Според него, многу карпи, кои денес се наоѓаат во центарот на локалитетите со археолошки остатоци од населба, се вистински централни објекти, околу кои се одвивал целокупниот општествен, религиски и културен живот.
– На површините на карпите, околу нив, особено на терасестите места често има симболи, траги од минатото, кои веројатно им служеле за жртвување на боговите, за кои сметале дека се наоѓаат во ваквите објекти. Со презентациите го доближувам богатството од културни вредности. Се надевам дека успевам – потенцира Димитриоски, додавајќи дека објектите додека “живееле” поседувале и други елементи и содржини, поврзани со култовите, како фигури на боговите, предмети кои им биле принесувани како жртва, жртвеници од керамика со нагласено украсување.