ЗЛАТЕН ЗБОР – ЖЕЛЕЗНА ПОРТА ОТВОРА

На некој наш сограѓанин му дошло преку глава од “штедачите”, кои не сакаат да платат за паркинг и се паркирале пред неговиот влез. Без можност да си обезбеди простор за влез за неговото возило, дошол до брилијантно решение.

Обичните гајби, столици и останати “реквизити”, “не палеле” за спречување на паркирањето пред порти. Што најмногу ги плаши паркираните возачи? Кога поасолно размислил без гребење на автомобилите или истишување на гумите, “поставил на портата стасус  “НЕ ПАРКИРАЈ ПРЕД ВЛЕЗОТ – ВИКАМ ПАЈАК”, да  обезбеди влез дома

Така околу портата имаше автомобили, ама пред портата никој не се осудил да ја тестира волјата на газдата.

Loading