ВО ПРВА ЖЕНСКА ЛИГА

РК Филип 107

Вниманието сé повеќе го привлекува женскиот РК Филип 107, фузија на клубовите од Елизабета Филипоска и Александар Танески. Во работата со ракометарките е ангажиран искусниот стручњак, Петар Кузманоски – Тастата.

– По успехот со ветеранскиот хуманитарен турнир, порасна интересот за ракометот и поддржани од Локалната, одлучивме на ваков чекор. Имаме мошне млад кадар, каде највозрасните се 15 годишни. Наесен сме во вториот ранг, Првата лига – најавува Кузманоски.

Клубот оди на долги патеки. Концептот предвидува младински школи од сите возрасти, како некогаш во Тутунски. Како ќе се оформуваат, така ќе се вклучуваат во работата и други поранешни познати ракометарки. Од 15 август се користи теренот на Спортскиот центар.

– Преговараме за сала, девојките да имаат свое катче. “Маркови кули” ќе биде во прв план, но ни треба и “Сонце” – истакнува Кузманоски.

Клубот Филип 107 од 1 септември стартува со пријателски мечеви.

Loading