ШВАЈЦАРЦИТЕ ПАК ДОНИРААТ ВО ПРИЛЕП

Поради успешно реализираните проекти за ревитализација на Могилата на непобедените и градбата на патеките во Варош во подножјето на Марковите кули во висина од над 200 илјади франци, швајцарската агенција за развој пак го одбра Прилеп да биде носител на некој проект што граѓаните сами ќе го одберат, а Швајцарците со локалните власти ќе го поддржат финансиски во рамките на програмата Форум на заедниците.

Според градоначалникот Марјан Ристески Прилеп пак ќе биде носител на проект 50:50, бидејќи средствата од пред неколку години беа функционално потрошени за подобрување на животот на граѓаните.

Овојпат Швајцарците ќе учествуваат со 40 илјади евра, а локалните власти уште со толку пари за нова реализиација на проект, кој се изведува в година. По стандардната процедура, на неколку собири граѓаните ќе предлагаат што им е најбитно, а идната година ќе се избере приоритетот што веднаш ќе се реализира.

Loading