
Екипа од Заводот и Музеј предводена од археологот Александар Миткоски, ја врши втората фаза од истражувањата на археолошкиот локалитет Тумул – Сламите кај селото Вепрчани во Мариово. Првпат тумулот се истражуваше во 2010 година, откако во 2008 беше оштетен со тешка механизација при проширување на локалниот пат Дуње – Вепрчани.
Се работи за локалитет – култен објект и место за погребување во две епохи, праисториската и античката.
Со претходното откривање на гробовите од типот ,,циста,, (градени од камени плочи) и движни наоди (фрагменти од земјени садови и накит изработен од бронза) потврдено е егзистирањето на локалитетот, кој датира во перидот од железното време (11 век од старата ера) и во доцноантичкот период (5 – 6 век од новата ера).
Со годинашните истражувања ќе се збогатат сознанијата за овој тип на објекти кој е мошне практикуван во Мариово, бидејќи претходните ископувања на други тумули укажуваат на тоа дека нивното користење во подоцнежниот антички период е честа појава.
Археолошките истражувања се со поддршка на Министерството за култура.
![]()

