ПЛАНИНАРИТЕ ЌЕ БИДАТ ВОДИЧИ ЗА ТРЕСКАВЕЦ

За празникот Богородица

Организирано со водичи ќе може пеш да се стигне до манастирот Успение на Пресвета Богородица – Трескавец понеделник попладне и вторник на утро за празникот Богородица. Локалните власти преземаат мерки за безбедно пешачење заедно со планинарите на Картуш, кои ќе бидат водичи на групите граѓани, оти тие ги познаваат најлесните патеки за стигнување пешки до манастирските порти.

В понеделник, на 27 август, граѓаните ќе можат пешки за околу два ипол часа да стасаат до манастирот, ако во 17,30 часот тргнат заедно со водичите од пред ресторанот Панорама. Граѓаните кои ќе сакаат ноќта да се враќаат пак организирано со водичите во 22,30 часот, пожелно е со себе да понесат и батериска ламба за побезбедно пешачење. Организирано одење до манастирот ќе има и вторник. Тргнувањето со водичите е во 6,30 изутрината од пред ресторанот Панорама, а враќањето е во 17 часот пак организирано. Бидејќи патеката е долга предвидени се неколку места за одмор.

Локалната самоуправа апелира на почитување на хигиената по патот. Отпадоците да не се фрлаат, туку да се депонираат на местата каде се поставени најлонски кеси.       


Loading