Откако ја измаршираа цела Македонија, вдолж и попреку, планинарите од Картуш ја минаа источната граница и да видат што нуди бугарската природа за нивниот вкус. Точно 52 ентузијасти беа на планината Рила, која со околните седум езера, им го одзеде здивот. Биле изненадени од посетеноста. Околу 10 000 луѓе ги “полнеле батериите” во маѓепсно убавата природа, недопрена од човечка рака. Многуте планинарски домови придонесувале за идиличниот изглед на рилскиот предел. Неколку од езерата биле поврзани со водопади, а со жичница се стасувало до две од “планинските очи”, на 1000 м. погоре. Се изнауживале во кристално бистрата вода, полна со риби и се надеваат на повторна посета.
За пријатно изненадување, домаќините им го изведиле народниот танц Паневритмија.