Горан Кузманоски
Големо признание за поранешниот бек на Тутунски, Горан Кузманоски. Одреден е за капитен на романскиот Одорхеу, клуб третопласиран на табелата од минатата сезона. На некој начин е очекувано, според досегашните игри.
Кузманоски беше меѓу најдобрите стрелци во лигата. Член на Одорхеу е трета година. Прифати понуда за нов договор. Таму останува и во наредните две сезони. Се очекуваат и натаму блескави моменти во неговата кариера, бидејќи е во зенитот, со 29 години. Можно е да биде повикан и во редовите на македонската репрезентација.
Покрај за Тутунски, играше и за најдобрите македонски клубови, а во странство помина од Италија до Шведска, Исланд… Еден е од најголемите прилепски спортски амбасадори, покрај ракометарката Матилда Атанасоска во Германија, фудбалерите Илчо Наумоски во Австрија, Дарко Тофилоски во Словачка, Зоран Даноски во Чешка.