Вкупно 35 дела во различна техника на членовите на ДЛУП ќе се изложат на вечерашната изложба во фоајето на ЦК “Марко Цепенков”. Ќе се претстават Методи Исков, Бојана Артиновска, Тони Чатлески, Анита Сотироска, Александар Тодороски, Наде Тоскоска, Орде Стамболџиоски, Лепа Милошеска, Васил Костов, Вера Николоска, Мери Тодорова, Рада Тодорова, Зоран Ѓорески, Дарко Талески, Емилија Димоска, Марија Ѓорѓијоска, Орде Мицкоски, Маја Најдоска, Бети Макеска, Драгомир Михалоски и Емил Димоски.
Ќе се промовира и подмладокот на ДЛУП, Кристијан Јованоски, Владимир Лазарески, Инес Дамеска, Филип Цакоски и Александра Ацеска.
Отворањето на изложбата е од 20 часот, а ќе биде придружено со настап на музичката група REMORSE.