Трета лига
Стокмена е Третата лига – Југ со седиште во Прилеп. Одлучено е да брои 16 екипи. Од ланскиот состав откажаа Бирлик и Црна река, а првакот Корзо замина во Втора лига. Нови се четири: Росоман, Вардарски, Тополчани и Братство Житоше. Од ОФС Прилеп се безмалку половината, седум тима.
Според ждрепката, в недела (17 ч.) во првото коло се среќаваат: Сирково – Бабуна, Младост – Вардар, Партизан – Млекар, Г. Коњари – Братство, Борец – Тополчани, Вардарски – Кадино, Кожуф Росоман и Превалец – Илинден. Двете последнопласирани отпаѓаат, а првакот оди во втора лига.
Претходно, в сабота, на Спортскиот центар е семинарот за судии и делегати. Во септември пак интересни се најниските рангови, општинските лиги.