Секјурити М и К
Агенцијата за осигурување на имот, лица и истраги – Секјурити М и К постои 10 години. Таа е првиот прилепски бизнис од оваа бранша. Околу 70 вработени со лиценца обезбедуваат десетина фирми, дури и во Демир Хисар и во Куманово. Бидејќи сопственикот Љупчо Кафеџиоски ја познавал оваа проблематика, влегол со сопствени сили да прави бизнис во мошне одговорната и сериозна дејност.
Луѓето печалеле имот со пот и голем труд. Затоа не треба да си дозволат луксуз маката вложена во разни имотни добра да ја остават необезбедена, туку да ја доверат на заштита на специјализирана агенција.
– Работев во охридска агенција за обезбедување. Гледајќи го тамошното искуство, отворив сопствена агенција за обезбедување. Со трансформацијата на претпријатијата од општесвена во приватна сопственост, знаев дека новите сопственици на имотот ќе сакаат го заштитат со одговорна фирма – кажува Кафеџиоски.
Прва фирма што ја оебзбедувале била Партизан под стечај. Потоа следеле и други фирми.
– Покрај физичкото обезбедување што го пружаме како правен субјект, даваме и услуга на објекти со техничко обезбедување. Тоа е обезбедување со алармни системи на куќи, станови, продавници и објекти каде што има помал обем. Техничкото обезбедување поддржано со патролно се покажа како многу ефикасно. Подобро решение за обезбедување на фирмите првин сме поради едуцираниот кадар со соодветни лиценци, според програма од Комората за обезбедување лица и имот. Вториот аспект е тоа што немаме никаква колегијална солидарност со вработените во извесна фабрика или објект кои се под надзор. Не се случува да прогледуваме низ прсти при проверката за разлика од старите чувари од социјализмот. Покрај ефикасноста, поефтино е отколку да се одржува цела внатрешна служба за безбедност. Потоа потпишуваме договор, со кој сносиме одговорност, ако се случи некоја девијација – сторена штета. Тоа е огромна предност за разлика од претходниот систем на обезбедување – објаснува Кафеџиоски.
Современото темпо на живот ја постави потребата граѓаните да бараат физичко обезбедување за куќите додека се тие отсутни на семејни веселби, свадби и т.н..
– Тоа функционира одлично. За тоа говори фактот што досега нема ниту еден нерешен случај, а се случувало да се фатат арамиите на лице место. Цените се според ценовникот од Комората, а и се во зависност од ризикот на обезбедување на извесниот објект. Вработените се наоружани со огнено оружје што е податок за законското работење на фирмата. Агенцијата е под постојан надзор од МВР што ја издава дозволата. Со министерството одлично соработуваме, посебно при спречување на кражби – вели сопственикот.
Чувањето на фирмите не е деловна тајна. Напротив, со потпишување на договорот, веднаш на објектот се поставува лого на Секјурити М и К на видливо место, кое во многу наврати има превентивна улога.
Интернационални лиценци
Кафеџиоски е претставник на агенцијата ИПСА. Тоа е меѓународна организација, дел од Интерпол, од каде може да се добие интернационална лиценца.